Славната актерка Џесика Алба моментално со своето семејство се наоѓа на одмор во Мексико. Оние кои ја виделе рекле дека заносната убавица изгледа подобро од било кога претходно, и покрај фактот што неодамна се породила по втор пат. Џесика во Мексико ја дочекала и новата година.

Згодната актерка уживала во убавото и топло време на плажа и се забавувала со сопругот Кеш Ворен и двете ќеркички. Очевидците кои ја виделе убавата мајка на плажа рекле дека има сјајно тело и дека предизвикувала внимание каде и да се појавела.