За познатиот холивудски пар, Џесика Алба и Кеш Ворен, седмата година од бракот дефинитивно не била кризна, а годишнината ја прославиле сами во интимна атмосфера, исто како и денот кога еден на друг се заколнале на вечна љубов.
Иако за многу парови седмата година од бракот е кризна, актерката Џесика Алба и нејзиниот сопруг Кеш Ворен не се таков случај. Имено, овој среќен брачен пар за кој не се врзуваат никакви скандали, а се постојано под лупа на јавноста, и речиси секој чекор им е следен од папараците, успешно одолеале на сите препреки кои им се нашле на патот и ја прославиле седмата годишнина од брак во кој станаа среќни родители на две девојчиња.
Џесика и Кеш се венчаа во 2008та година на Беверли Хилс, на тајна церемонија. Тој посебен ден Џесика блескаше во долг син фустан.
А како изгледала нивната врска на почетокот се присетил Кеш кој на социјалните мрежи и и напишал на својата сопруга романтична порака. – Ова е фотографија сликана на денот кога го започнавме нашето патување, пред речиси 12 години. Денес славиме седум години брак и јас сум заљубен повеќе од претходно. Животот не би требало да биде бајка, но нашиот заеднички живот така изгледа. Среќна годишнина љубов моја!