Со новото бебе на пат Џесика Алба одлучила да се сонча и да ужива на плажите во Мексико каде била заедно со своите пријателки. Причина за нивното патување била задоцнетата прослава на роденденот на актерката. Имено, Џесика е родена на 28 април, но поради болест тогаш ја одложила прославата.
Актерката на плажата шетала во бел костим за капење, а во нејзина близина си играла нејзината ќерка Хонор. Актерката на својот Фејсбук профил објавила дека нејзината ќерка ќе добие сестра. Нејзиниот сопруг исто така ја поделил веста со своите пријатели на својот твитер профил. Џесика е во брак со Кеш Ворен, а се венчале само еден месец пред раѓањето на нивната прва ќерка.