Не е тајна дека актерката Џесика Алба има беспрекорен стил на облекување, а дури и кога бира едноставни фустани за црвениот тепих, успева да ги засени далеку подотераните колешки. На гала вечерата „Baby2Baby“ во Лос Анџелес, во хуманитарни цели, се собраа многу славни убавици, а Џесика Алба повторно беше во центарот на вниманието со одличниот стајлинг. Додека славните диви како Риз Витерспун или Гвен Стефани се појавија во гламурозни изданија, Џесика повторно им даде модна лекција и покажа дека не треба сјај и блескавост за да се изгледа добро.

 

За разлика од своите славни колешки кои носеа преубави креации во винтаж стил, Џесика заблеска во едноставен фустан со светла боја. Освен што фустанот се шири кон дното и има класичен крој, во горниот дел има и симпатично деколте. Фустанот е без ракави и ги откри нејзините тонирани раце, а познато е дека актерката вежба дури и во недела за да остане во топ форма.