Убавата актерка Џесика Алба изгледа толку слатко и питомо што никому не би му паднало ни на крај памет дека знае да биде остра и строга кога ќе затреба. Џесика освен со глумата се бави и со приватен бизнис, има фирма која се бави со продажба на органска храна и облека за најмладите. Вели дека кон своите вработени знае да биде многу строга.

 

За себе вели дека е одличен пример како изгледот може да лаже. Иако многумина мислат дека е „свилена“, знае да биде о строга и остра. Знаела и да ги расплаче луѓето и не е горда на тоа, но во работата мора се да биде совршено. Токму поради таквото однесување добила прекар “Челична лејди“. Вели дека нејзините вработени се мажи кои често кога ќе се искараат за тоа зборуваат со своите сопруги кои подоцна им објаснуваат дека треба да ја почитуваат. На крајот на крашитата, секогаш се може да се реши.