Славната холивудска убавица, Џесика Алба, проговорила за своето семејство, поточно за родителските односи, и открила дека таа и нејзиниот сопруг Кеш Ворен имаат строги методи за воспитување на нивните две деца.

Алба вели дека додека живеат под нејзиниот покрив ќе го слушаат секој нејзин збор. Таа и нејзиниот сопруг носат пари во домот и имаат право да одлучуваат за се. Како што вели, на ќерките Онор Мери, која има шест и Хевн Гарнер која има три години не им ги исполнуваат сите желби и не паѓаат на нивните солзи, туку едноставно ги игнорираат.