Актерката и мајка на две деца, Џесика Алба изјавила дека моментално не е спремна да има уште едно дете поради преголемите обврски. Таа е основач на успешна компанија за производство на еколошки производи за бебиња со име “The honest company”. Глумата, бизнисот и мајчинството не и оставаат многу слободно време да би се посветила на проширување на семејството.
Таа во интервју за “In touch” вели дека навистина сака деца, но е премногу зафатена и дека не би било фер сега да има уште едно дете. Води компанија и од неа зависта 350 вработени лица. Сите тие имаат семејства и вели дека се чувствува одговорна да направи се како што треба. Исто така додала и дека не сака еден ден да се разбуди и да дознае дека не успеала во своите намери. Инаку, иако има 34 години вели дека сега се чувствува сјајно.