Кога се законите во прашање, на холивудската убавица Џесика Алба не и помага ниту нејзиниот шарм, ниту убавината, ниту славата. Неодамна крај нејзиниот автомобил ја дочекала намуртена полицајка која и врачила казна за паркирање.


Актерката се обидела да и објасни дека заборавила дека и истекло времето кое го уплатила за паркирање, но не успеала да ја шармира службеничката, која инсистирала Џесика да плати 60 долари за прекршокот. Оваа казна сигурно нема да влијае врз нејзиниот буџет, бидејќи за улогата во последниот филм добила хонорар од 3 милиони долари.