Убавата британска пејачка Џесика Корниш, која настапува под името Џеси Џеј, завршила во болница од каде на социјалните мрежи постави неколку фотографии и порака која не објаснува баш многу. Напишала дека итно била оперирана, дека била во големи болки и на морфиум.
Се заблагодарила на убавите пораки и замолила да не ја прашуваат ниту неа, ниту нејзината околина што се случило со неа. Во детството и била дијагностицирана срцева мана, но не е познато дали е оперирана поради срцеви компликации и нешто сосем друго.