Кошаркарот на Амак СП, Џерид Фрај е најкорисниот играч (МВП) во првото коло од Суперлигата. Фрај во победата на охриѓани над Свисслион Пелистер, оствари 19 поени, осум скока, две асистенции, пет украдени топки и една блокада за 24 индексни поени.
Најдобар стрелец на колото беше токму Фрај со 19 поени, пред својот соиграч Војдан Стојановски, кој постигна поен помалку и Небојша Ристиќ од Овче Поле со 17 коша.
Прв скокач е Милорад Дамјанац со 15 скока, додека бекот на Фершпед Работнички, Огнен Стојановски е прв на листата на асистенти во ова коло со 6 додавања.
ohridnews
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com