Легендарниот комичар Џери Луис бил префрлен во болница откако му се слошило во хотелската соба во Њујорк. Неговиот претставник за медиумите рекол дека актерот имал мали проблеми со притисокот, но и дека се чувствувал добро и дека наскоро ќе ја напуштел болницата.
Како што пренеле медиумите, тој се онесвестил во вторникот ноќта додека се припремал да оди на гала вечера во чест на неговиот колега Том Круз. Џери Луис бил еден од најпопуларните комичари на минатиот век. Освен глумата се занимавал со пеење, пишување, продукција и режија.