Американскиот актер и пејач Џеред Лето морал за потребите на снимањето на филмот “The Dallas Buyers Club”, во кој глуми транвестит заразен со ХИВ, да го издепилира целото тело, нозете, рацете, градите, па дури и веѓите. На фронтменот на групата “Thirty Seconds to Mars” ова не му е прва драстична трансформација. За улогата на Марк Чепмен, убиецот на Џон Ленон, Лето се здебелил 30 килограми.
Меѓутоа, здебелувањето не било толку болно колку посетата на козметичарката, по што изјавил дека сега знае каква е болката. Филмот кој го снима ја следи приказната на Рон Вудруф, тексашкиот електричар заразен со сида кој започнал да шверцува алтернативни лекови во САД како би си помогнал себеси и на другите пациенти. Успеал да си го продолжи животот за неколку години, но против себе ја навлекол амерканската администрација за храна и лекови, која забранила увоз на тие лекови. Партнер на Џеред во филмот е Метју Меконахи, кој го игра главниот јунак и кој ослабел 14 килограми за што подобро да ја презентира својата улога.