По завршувањето на сезоната Стивен Џерард дресот на Ливерпул ќе го замени со дресот на Лос Анџелес Галакси во америчката МЛС лига.


Во Америка капитенот на „црвените“ го очекува рај, раскош и мир откако клубот му обезбеди куќа со шест соби покрај Пацифичкиот океан.


Џерард во Ливерпул ја „троши“ 17-та сезона, а на „Енфилд“ поранешниот англиски репрезентативец одигра ревијален-проштален натпревар со останатите ѕвезди од Премиер лигата.

Мх.П