Холивудскиот актер Џерард Батлер неодамна самиот се пријавил во престижната клиника за одвикнување „Бети Форд“. Актерот имал големи проблеми со прекумерно земање на лекови против болки, јавуваат американските медиуми.
Тој и претходно претерувал со лековите против болки, бидејќи физичките припреми за снимањето на филмот „300: Битката кај Термопилите“ биле многу напорни, а тоа врз актерот влијаело многу лошо, а потоа и бил повреден на снимањата на филмовите “Machine gun preacher” и “Of men and mavericks”. Батлер во клиниката минал три седмици и деновиве би требало да биде пуштен на домашно лекување.