Македонската фудбалска карта во последните неколку години претпре драстични измени. Наместо “моќните“ фудбалски центри во тренд се тимовите кои доаѓат од малите т.о. селските средини.
На врвот на табелата во македонската прва лига одамна не запоседнал некој од клубовите кои беа име и презиме на македонскиот фудбал во поранешната Југославија, Европа , Светот.
И додека “гигантите“ како Вардар и Пелистер поради својата кадровска неспособност се наоѓаат при дното на табелата, а некогашните прваци Победа, Македонија ЃШ и Слога Ј, се избришани или “плеткаат“ по општинските фудбалски лиги, екипи кои го прифатија европскиот тренд се на челните позции на табелата во шампионатот.
Актуелниот македонски првак Ренова, чие седиште е во с. Џепчиште, најдобро се снајде во минатогодишната турбулентна сезона и се закити со титулата. Популарните “гипсари“ имаа излет и во лигата на шампиони но нивниот престој таму траеше кратко. Не` е тоа Македонија, каде владеат импровизациите.
Нов лидер во првенството по осумте одиграни рунди е Хоризонт од струмичкото село Турново. Клубот по нивното влегување во првата лига неколку години е стабилен прволигаш, а во мометнов коцките се склопија и ете ги на врвот на табелата. И нивната приказна е со среќен крај. Со вложувањето во инфраструктурата и реновирањето на стадионот “Кукуш“ турновци ако не друго се` изнагледаа меѓународен фудбал.
Сите меѓународни кавалификациски турнири дали до 17, 19 години, во машка или женска конкуренција се играат на терените во Турново и Струмица, во неврзан разговор од ФФМ велат, “Луѓето вложија во инфраструктурата ,ги исполнија сите барања и критериуми“.
Миравци е лидер во второлигашката конкуренција. Неколку пати беа блиску до влез во елитатата , но се сопнуваа при последниот чекор. Сезонава имаат земено прволигашки залет, дали ќе издржат ќе покаже времето. Затоа пак во купот нивната големина ја осети Работнички кој беше поразен и елиминиран.
И така, си беше еднаш еден Вардар, тој Вардар беше македонска гордост, покрај Вардар беше Пелистер. Немаше натпревар, а “чкембарите“ кои викендов одбележаа 25 години од своето формирање да не ги наполнат трибините за да ги бодрат своите миленици.
Ниту во Прилеп, “бубамарата“ не се тркала како порано. На Чаир ги нема “гулабите“ да ги поздрават своите пулени, а фудбалската радост во Кратово каде гостуваше белгискиот Бриж и се играа мечеви од лигата на шампиони, одамна е минато . .
Во рамки на 17-то коло од Втората кошаркарска лига, кошаркарите на Охрид на домашен терен ја пречекуваат екипата на Водно-Санс од Скопје Натпреварот се игра во недела, 9 март, со почеток во 17 часо...
Билетите за натпреварот ГРК Охрид – РК Вардар 1961 ќе бидат пуштени во продажба од денес од 12 часот кај Аждер, а на денот на натпреварот истите ќе се продаваат на билетарата во спортската са...
Ракометарите на Охрид во рамки на 21-то коло од Супер лигата во сабота ја пречекуваат екипата на Вардар Вардар е екипа која цели високо и секогаш се бори за титула Наша задача е добро да се подготв...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.