Од страна на ПС Струга поднесена е кривична пријава против И.З.(42) од Тетово, поради постоење на основано сомнение дека сторил кривично дело „кражба„.

Пријавениот на 08.05.2010 година на зелениот пазар во Струга, во згодна прилика користејќи ја гужвата, од  џеб од палто на Н.С. од Струга одзел паричник во кој имало 9400 денари, во разни апоени по што се дал во бегство. Притоа, од страна на УПС  пријавениот е фатен и приведен. Во врска со тоа од страна на Истражен судија на пријавениот му е одредена мерка притвор во траење од осум дена, соопшти МВР.

OhridNews