Претседателот на
претставничкиот дом на Австралија, Хери Џенкинс, во рамки на посетата на нашата земја денеска 
престојува во Охрид. Во придружба на пратениците Макрадули и Николоски, високиот гостин од Австралија ги разгледа културно историските знаменитости на Охрид, а ја посети и куќата на Робевци, каде одржа средба со новинарите. При тоа Џенкинс го повтори ставот дека Австралија останува на своите позиции во однос на спорот за името и надворешната политика кон Македонија

-Политиката на Австралија е многу добро позната, но исто така и нашето пријателство е силно, а јас се надевам дека Македонија многу скоро ќе биде членка на НАТО и ЕУ, истакна Џенкинс.


Џенкинс во Охрид

Ohridnews