Легендарната американска рок и блуз пејачка Џенис Џоплин добила ѕвезда на Булеварот на славните во Холивуд 43 години по нејзината смрт. На церемонијата на откривањето на ѕвездата присуствувале нејзиниот брат Мајкл и сестрата Лора, додека некогашниот партнер на пејачката, познатиот музичар и актер Крис Кристоферсон го отпеал нејзиниот голем хит “Me and Bobby McGee”, во акустична верзија.
Во кратката кариера, која траела асмо четири години, се прославила со бројни хитови, како што се “Down On Me”, “Bye, Bye Baby”, “Mercedes Benz” и објавила четири студиски албуми, од кои последниот бил издаден постхумно. Починала во октомври 1970 година, на 27 години од последица со предозирање со хероин. Прогласена била за член на Куќата на славните на рокенролот во 1995 година.