За оскаровката Џенифер Лоренс снимањето на второто продолжение од филмот „Игри на гладта“ за малку не завршило кобно. Имено, за време на снимањето на една од сцените, била користена огромна машина за магла која неконтролирано почнала да исфрла големи количини чад. Извор кој учествувал во филмот раскажал дека сите почнале да паничат, а снимањето тој ден морало да биде прекинато.

Џенифер и уште неколку актери во тој момент биле во тунелот, од кој не можеле да пронајдат излез поради густиот чад. Изворот рекол дека спасителите едвај ја пронашле актерката. Лежела на подот во шок и за малку не ја изгубила свеста. Меѓутоа, на крајот се испаднало како што треба, а продолжението на филмот моментално ги руши сите рекорди во кината ширум светот.