Џенифер Лоренс се простува од неверојатно популарната франшиза „Игри на гладта“, која од неа направи мега ѕвезда и ретка холивудска акциоа хероина. Таа во послениот дел „The Hunger Games: Mockingjay – Part 2“, кој во кината ќе се најде од втората половина на ноември, ја глуми Кетнис Евердин која ги води бунотвниците во борба против неправдата и нивниот дистописки свет. Тоа е последно поглавје од успешната приказна која ја вивна Лоренс во самиот холивудски врв. Таа во 2013 година доби Оскар за најдобра женска улога во филмот „Playbook“, но и статус на една од најдобро платените актерки во светот.

 

Рекла дека се ќе биде малку бизарно кога филмот конечно ќе излезе, а се е спремно за тоа. Овој филм бил нејзиниот живот во изминативе неколку години. Во претпоследниот дел „The Hunger Games: Mockingjay – Part 1“ од 2014 година, Кетнис не се бореше само за својот живот, туку стана и симбол на револуцијата, а во последниот филм, таа ја води побуната против тоталитарната власт на Дистрикт 13. Кетнис сега мора да се носи и со емоционалната нестабилност на нејзиниот партнер Пит, кој го игра Џош Хачерсон, додека сеуште ја ужива поддршката на другиот маж во својот живот, нејзиниот најдобар другар Гејл кој го игра Лијам Хемсворт.