Славната актерка Џенифер Лоренс се согласила да позира разголена за списанието „Vanity Fair“ и тоа не било како, туку во друштво на огромна змија. Фотографиите на Патрик Демаршелиер го красат новот издание на списанието, а на нив разголената Џенифер Лоренс е прекриена со огромна колумбиска боа со црвена опашка.
Џенифер на снимањето воопшто не се плашела, и се одработила изразито професионално. Во еден опасен момент, кога змијата и се извила околу вратот, останала смирена и им препуштила на професионалците да ја решат ситуацијата. Да потсетиме, Џенифер минатата година била на мета на хакери кои објавиле нејзини приватни разголени фотографии во јавноста, но се чини дека со ова им одговорила со стил.