Младата актерка Џенифер Лоренс на ревијата на Диор во Париз мамела и погледи и воздишки. Бидејќи, минатогодинешната добитничка на Оскар и ѕвезда на филмот „Игри на гладдта“ на себе имала бел фустан на Кристијан Диор, кој откривал она што на прв поглед можело само да се претпостави.

Имено, фустанот во горниот дел од предната страна бил затворен, но деколтето на грбот ги открило нејзините гради. Кога сватила дека привлекува внимание од несакани причини, младата актерка го поправила фустанот. Инаку, таа е заштитно лице на торбите на Диор, а после ова појавување можеби ќе почне да ја рекламира и нивната облека.