Младата актерка и Оскаровка Џенифер Лоренс призна дека и е тешко да и најде „сродна душа“ со која ќе го помине остатокот од својот живот. Ѕвездата на филмот „Игри на гладта“, која неодамна се раздели од Крис Мартин, со кој беше во врска речиси една година, вели дека никој не ја кани на состаноци и дека е осамена секоја саботна ноќ. Вели дека мажите се лоши кон неа.
Оваа 25-годишна актерка вели дека постои можност љубовта да ја бара на погрешни места и како верува дека полесно би започнала романса со некој кој не знае дека е позната. Чувствува дека и е потребно да најде човек, кој на пример, последниве пет години живеел во Багдад и нема поим која е таа. Тоа го изјави за списанието Вог, додавајќи дека едвај чека да се омажи и едвај чека да ја најде својата сродна душа.