Меѓу холивудските ѕвезди кои оваа година се најдоа меѓу номинираните за Оскар, најдобро платена е Џенифер Лоренс. Во таа неофицијална трка убедливо триумфира и во машка и во женска конкуренција, а ќе видиме дали во недела ќе добие награда за најдобра актерка, во конкуренција на Бри Ларсон и Кејт Бланшет. Се проценува дека Лоренс, благодарение на хонорарите за трилогијата „Игри на гладта“, филмот „Џој“ и вредниот договор за куќата Диор, заработи дури 52 милиони долари изминативе две години.
Тоа и овозможи да избие на првото место на листата на списанието „Форбс“ за најдобро платена актерка. Младата актерка, која има обичај да се сопка на фустанот на секое доделување на Оскарите, ја доби престижната награда во 2013 година за најдобра главна женска улога, а ова и е вкупно четврта номинација.