Оскаровката Џенифер Лоренс одлучила да паузира по напорната работа. Ќе земе едногодишна пауза, рекол за медиумите продуцентот Харви Веинштајн. Продуцентот тврди дека актерката е исцрпена од снимањето на приказната „Игри на гладта“ и комедијата ‘Silver Linings Playbook’. Се согласила да глуми во филмот „American Hustle, а потоа одлучила да се одмори.

Додал дека многу млада почнала да глуми во „Игри на гладта“ и дека не ни знаела колку време тоа ќе и земе. Претстојните Оскари би можеле да и го разубават одморот. Номинирана за златната статуа во категоријата најдобра споредна улога благодарение на филмот „American Hustle“. Одлучила да купи куќа во Англија каде планира да живее со момчето Николас Хоулт.