Една од најпосакуваните жени на светот, Џенифер Лоренс, и самата како и многу други се борела со недостаток на самодоверба. Имено, пред да се бори со противниците во „Игри на гладта“, убавата актерка морала да се бори и со Холивудските критичари кои често ја прозивале поради прекумерните килограми.

Убавата актерка се присетиле дека и рекле дека е дебела и дека ќе ја изгуби работата доколку не ослаби. Додала дека со годините научила да го сака своето тело. Признала дека најголема слабост и е грицкањето чипс. Заклучила дека сака да го промовира здравиот изглед и да послужи како пример на младите девојки.