Џенифер Лоренс и Крис Мартин раскинале, јавуваат електронските медиуми. Оскаровката која има 24 години и нејзиното 37-годишно момче, фронтменот на Колдплеј, ја започнале својата романса кон средината на оваа година, но нивната врска не траела долго. Џенифер претходно била во врска со колегата од филмовите за Икс-мен, Николас Хоулт, а Мартин претходно оваа година објавил дека тој и сопругата Гвинет Палтроу се разделиле.
Иако никогаш јавно не проговориле за својот однос, Лоренс често била гостин на концертите на Колдплеј, а папараците во неколку наврати ги фотографирале заедно. Се шпекулира дека Мартин ќе и се врати на поранешната сопруга, но времето ќе покаже дали тоа ќе биде така.