Популарната холивудска актерка Џенифер Лоренс донира два милиони долари во болница во американската сојузна држава Кентаки, која ја посети додека беше на пат во својот роден град. Оскаровката објави дека ќе даде пари за основање Одделение за интензивна нега на кардиологија во болницата во својот роден град Луисвил.

 

Убавата актерка изјави дека таа и нејзиното семејство запознаа прекрасни деца во таа болница, и додека дека нивната „снага и храброст едноставно ја инспирираат“. Актерката ги повика и другите славни и моќни личности да донираат дел од своите пари за болниците.