Ако сакате Џенифер Лопез да ви одржи приватен концерт, бидете спремни на тоа дека за таа прилика ќе морате да платите речиси два милиони долари. Како што јавуваат медиумите, додека неодамна престојувала во странство заработила 1,75 милиони долари благодарение на приватен концерт во еден хотел во Макао кој траел помалку од еден час.

 

Извор близок до пејачката рекол дека имала договор да одржи 40-минутен настап за семејството на сопственикот на касиното. Додал дека Џеј Ло неколку стотини илјади добила однапред, за трошоците за патувањето, а кога стигнала во Макао, некогашната португалска колонија во близина на Хонг Конг, нејзиниот тим побарал три ноќевања во преку 20 соби, вклучувајќи и еден ВИП апартман за пејачката, во хотел со пет ѕвезди. Сепак, Џенифер не се задржала долго после настапот. Следниот ден се вратила во САД, каде го прославила денот на благодарноста со своите близнаци Макс е Ема.