На популарната латино звезда и биле потребни 50 стилисти и дури 20 огледала како би се спремила за телевизиската емисија „Американски идол“. Америкаснките медиуми пишуваат како Џенифер Лопез вложува многу труд и пари за својот изглед, како и дека доколку би продолжила да вработува толку луѓе би можела да го реши проблемот со невработеноста во земјата.


Во Лас Вегас, каде моментално се одржуваат аудициите за „Америкаснки идол“, Џенифер пристигнала со армија луѓе и со огромен број куфери. Вработените во реализацијата на телевизиското шоу велат дека пејачката е една од најпребирливите личности со кои досега имале можност да соработуваат.