Пејачката Џенифер Лопез и актерот Бредли Купер излегле заедно на романтична вечера, по што почнале да кружат гласини дека се заедно. Парот бил виден во еден ресторан  во Њујорк, а близок нивни пријател изјавил дека тие разговарале за заеднички проект.


Џенифер Лопез неодамна најавила развод од Марк Ентони со кој ги ма близнаците Макс и Еми, а како причина била наведена и неверство, иако тоа и двајцата го демантирале. Инаку, Купер претходно бил во врска со Рене Зелвегер, а изминативе месеци медиумите го поврзувале со Оливија Вајлд и Шарлиз Терон.