На премиерата на својот нов филм “The Back-Up Plan”, Џенифер Лопез ги повела и своите близнаци. Пејачката ја носела ќерката Ема, која заспала во нејзината прегратка, а малиот Макс го носела нејзината сестра. Семејството на пат се упатило со приватен авион.


Пејачката облекла елегантен црн фустан, а својата ќерка ја облекла во карирана сукња. Додека била во Париз, Џенифер пронашла време да ги посети бутиците за детска облека и да купи нешто за близнаците.