Џенифер Лопез го искористила викендот за уживање со момчето Каспер Смарт на плажа во Малибу. Но освен него, тука биле и нејзините пријатели и нивните деца кои можеле да си играат на плажата заедно со близнаците на Џенифер Макс и Ема.
И додека нејзините деца се капеле во океанот, Џен ги забележала папараците па на крајот дури и им се насмевнала. Бидејќи на сцената секогаш е совршено дотерана во сјајни костими и многу нашминкана, убаво е Џенифер да се види во вакво лежерно издание со кратки пантолончиња и удобен џемпер. Пред две седмици добила своја ѕвезда на булеварот на славните во Холивуд.