Во градот на љубовта, 43-годишната пејачка поминала седум дена со своето 25-годишно момче, Каспер Смарт.
Веќе и претходно се зборувало дека Џенифер и Каспер се верени, но Џенифер секогаш ги негирала гласините.
Дали е Џеј Ло пред својот четврти брак, се поставува прашање откако латино дивата во романтичниот Париз срамежливо го покажала прстенот украсен со голем дијамант.
Неразделниот пар во Париз ги поминувал деновите посетувајќи ги продавниците, модните ревии и настанот по повод повторната кандидатура на Барак Обама за претседател на САД.
Иако е лудо заљубена во Каспер, Лопез претходно изјавила дека прстенот кој го носи нема никакво значење.