Актерката и пејачка Џенифер Лопез и се придружила на екипата на филмот “The 33”, базирана на приказната за чилеанските рудари кои во 2010 година биле заробени во рудник. Филмот “The 33”, раскажува за 33 рудари кои биле заробени 69 дена во рудник, пред операцијата за спасување која имала огромно медиумско внимание.
Пеодуцентот на филмот „Црниот лебед“ Мајк Медавој ги купил авторските права на приказната во 2011 година, пренеле американските медиуми. Еден од рударите, Хуан Андрес Иланес, рекол дека по колапсот во рудникот, сметале дека е сјаен чекор да се направи филм кој ќе биде базиран на нивните искуства во рудникот. Снимањето на дилмот се очекува за започне оваа есен во Чиле.