Што точно прави за да го одржи младоликиот изглед, никој точно не знае. Но, факт е дека Џенифер Лопез изгледа сензационално. Пејачката која има 45 години моментално работи на својот нов акционен филм, а папараците ја снимиле на вежбање во Лос Анџелес со двојно помладото момче Каспер Смарт.
Иако парот прекинал на некое време минатата година, очигледно е дека меѓу нив сеуште нешто постои, па се помирија пред неколку месеци, а заедно беа и на доделувањето на наградите Билборд. Можеби токму младото момче и ја одржува млада. Во секој случај, згодната мајка сака да го покажува своето тело за кое редовно тренира. Нема кој не ги погледна тие стомачи мускули и цврст задник, на кои и многу помлади девојки можат само да позавидат.