Актерката и пејачка Џенифер Лопез изгледа најпосле пронашла среќа во љубовта со новото момче Каспер Смарт. Вљубениот пар на Твитер поставил фотографија од нивниот одмор на кој се гледа како се нишаат на нишалка. Таблоидите тврдат дека големата разлика во годините меѓу нив воопшто не се забележува, и дека Џенифер се однесувала како тинејџерка.
Парот се шетал покрај брегот на океанот, а во песокот на плажата нацртале срце во кое напишале „Џенифер и Каспер“. Своето љубовно патување го продолжиле во Бразил, каде присуствувале на карневалот во Рио де Жанеиро.