Џенифер Лопез не чека многу, по само една седмица веќе има ново момче. Сите светски медиуми ја пренеле веста дека ја прекинала долгата врска со Каспер Смарт минатата седмица. Како што сега пренесуваат американските медиуми, познатата пејачка повторно е во врска. Повторно е со помлад маж, професионалниот танчер Максим Чмерковски, кој е десет години помлад од неа.
Парот заедно настапувал на доделувањето на “American Music Awards” во ноември, а таа наводно му се допаднала на Максим уште тогаш. Го искористил тоа што таа сега повторно е слободна, и биле видени заедно во неколку ресторани, пренесуваат медиумите. Максим е украински шампион во латино танци. На широката јавност и е познат по учеството во американската верзија на шоуто „Танц со ѕвездите“.