Родриго Руиз ја тужел Џенифер Лопез за сексуално злоставување и барал да му исплати оштета од 10 илјади долари. Родриго тврди дека Џеј Ло во писмо барала да и испрати фотографии во кои е како од мајка роден, и дека за возврат ќе му помогне во кариерата и ќе го остави сопругот. Тој ја послушал, но не профитирал.

Но, изгледа дека Руиз наседнал на писмо од анонимна жена, за која се претпоставува дека има околу 53 години, која во писмата се претставувала како познатата пејачка и актерка. Бидејќи предметот стигнал до судот, Руиз рекол дека „пејачката“ почнувајќи од 2008 година му испраќала писма во кои барала негови фоторафии и демо снимки.