Лас Вегас стана омилена дестинација за музичките диви, а наскоро таму свое спектакуларно шоу ќе има и Џенифер Лопез. Познатата пејачка неодамна „остана без работа“, бидејќи беше објавено дека шоуто „Американски идол“, во кое беше член на жирито, повеќе нема да се емитува, но таа веќе успеа да најде нов ангажман. Сите кои следната година ќе се најдат во градот на гревовите ќе имаат можност да гледаат нејзин настап во живо во едно од најлуксузните касина во градот, каде Џеј Ло ќе биде резидент.

 

Слични ангажмани веќе имаат Бритни Спирс, Мараја Кери, Селин Дион и многу други ѕвезди. Џенифер не криеше колку е возбудена поради новата работа. Таа рекла дека за овој момент се спремала цел живот. Објаснила дека шоуто ќе биде повеќеслојно, полно со енергијам комбинација од се она што таа и фановите го сакаат. Денс, хип-хоп, латино, поп звуци. Засега се закажани 20 настапи, а првиот ќе биде во јануари 2016 година.