Латино дивата Џенифер Лопез не навикна на секси аутфити, корсети и провокативни фустани, па овој пат не изненади сите со необичниот стајлинг со очила. Со момчето Каспер Смарт, 46-годишната актерка и пејачка се појави на њујоршката премиера на комедијата „Rock The Kasbah“. Нејзината несекојдневна комбинација содржи кратка блуза која ги истакнува челичните стомачни мускули и интересни очила.

 

Сепак, пепито капутот ги криеше нејзините славни облини, а стајлингот со очилата беше во прв план, па воопшто не е лесно да се препознае прекрасната пејачка. Откако прекина со Каспер, Џенифер сепак му се врати па парот често излегува на разни настани. Иако Каспер е помлад од неа, згодната Џеј Ло му парира со совршената линија која ја одржува со вежбрање, но и трчање маратони. Освен тоа, убавата пејачка внимава на здравата ихрана, јаде многу зеленчук и овошје, како и риба и органски намирници.