Пејачката Џенифер Лопез се појавила во емисија со фустан кој го откривал нејзиното деколте, поради што водителот бил уплашен дека ќе покаже повеќе отоколку што треба. Џенифер, која има 45 години, веќе се години важи за една од најубавите и најатрактивни пејачки на светот, а дека годините ништо не и можат, покажала и додека гостувала во емисијата кај Енди Коен.
Џеј Ло во студиото се појавила со огромно деколте, па сите гледале само во нејзините гради, а водителот во еден момент не можел да одолее па ја запрашал дали се плаши дека градите можат да и испаднат од фустанот. Таа со насмевка објаснила дека веќе долго сакала да го облече фустанот, но не знаела каде. Тогаш заклучила дека гостувањето во емисијата се совршена прилика за тоа. После тоа додала дека не би го избрала фустанот доколку се сомневала дека нешто може да и испадне.