Популарната пејачка и актерка Џенифер Лопез вели дека се потешко добива улоги. Со сопругот Марк Ентони размислува да се пресели во родното Порторико. Таму би сакале да изградат филмски центар, бидејќи како што велат Холивуд веќе им здодеал.


Пејачката во последно време започна да пее и на свадби. За настапот на свадбата на радио водителот Раш Лимбау добила хонорар од околу 2 милиони долари. Еден од нејзините пријатели тогаш изјавил дека пејачката ги испитува сите можни начини на заработувачка.