Прекрасната латиноамериканска пејачка Џенифер Лопез призна дека иако има 45 години, со партнерот би сакала да има уште многу деца. Џеј Ло во една емисија додала дека би била многу возбудена доколку остане во блажена состојба.
Таа восхитено рекла дека ги обожава своите деца и дека би била среќна кога би имала уште четири или пет. Сепак, Џенифер не сакала да открие дали се смири со танчерот Каспер Смарт, со кој претходно раскина бидејќи ја изневерил со транссексуалец.