Џенифер Лопез и нејзиниот сопруг Марк Ентони сакаат да имаат уште деца. Тие се во брак речиси седум години, и ги имаат тригодишните близнаци Макс и Ема, но сега се сигурни дека сакаат да го прошират семејството.
Џенифер тоа го открила за време на емисијата „Американски идол“, кога рекла дека сакаат уште деца и дека зборувале за тоа, но никогаш не се знае. Таа навистина ужива во своите семејни обврски, а за тоа сведочи фактот што денот на мајките го поминала исклучиво со своето семејство, заборавајќи на работните обврски.