Славната пејачка Џенифер Лопез е посреќна од било кога со новото момче, танчерот Каспер Смарт. Затоа најверојатно размислува и за можноста да има уште деца. Таа рекла дека доколку биде во можност уште еднаш да роди, тоа за неа ќе биде вистински благослов. Додала дека децата носат голема радост во животот и ве спуштаат на земја.

Сепак, самохраната мајка моментално се фокусира на својата кариера и светската турнеја која започнува наскоро. Рекла дека таа и Каспер уживаат и дека не размислуваат за семејство. Единствено биле фокусирани на турнејата бидејќи знаат дека ќе имаат полни раце работа.