Пејачката Џенифер Лопез по разводот продолжила понатаму и имала ново момче, а одлучила и да се реши од накитот кој и го подарил поранешниот сопруг Марк Ентони. Таа сакала да го продаде и вереничкиот прстен вреден околу четири милиони долари. Освен од накитот, пејачката сакала да се реши и од облеката која и ја купил Марк. Нејзините пријатели рекле дека тоа се сосема нормално за неа.
Извор близок до пејачката рекол дека таа ќе ги зачува единствено работите кои биле купени за нивните близнаци Макс и Ема. За продажба на вереничкиот прстен Џенифер Лопез најверојатно се очлучила откако Марк му забранил на нејзиното ново момче да ги вози нивните деца, бидејќи Каспер Смарт бил полн со сообраќајни прекршоци.