После пишувањата за аферата на Каспер Смарт со два транссексуални модели, извори блиски до парот за медиумите тврдат дека Џенифер Лопез и младиот танчер не се заедно веќе два месеци. Наводно договорно раскинале, но и понатаму останале пријатели. Според медиумите, раскинувањето нема никаква врска со неговите наводни транссексуални афери.

Каспер наводно се иселува од куќата на пејачката, а таа моментално постојано е во движење, бидејќи го промовира новиот, десетто албум. Сега веќе поранешното момче на Џеј Ло ќе се обиде својата кариера да ја насочи кон глумата. Парот бил во врска две и пол години.