Џенифер Лопез се обидува што побрзо да заборави на разводот, па решила да се затрпа со работа. Пејачката пред неколку дена почнала со снимање на филмот “What to Expect When You’re Expecting” во кој ќе глуми заедно со Крис Рок, Камерон Диаз и Елизабет Банкс.


Со неа на снимањето биле и децата кои ги чуваат дадилките и телохранителите. Извор за американските медиуми изјавил дека Џенифер се фрлила на работата и се обидувала што повеќе да се окупира со мајчинските обврски. Се чувствувала како да поминала многу од животот и како сега да е сосема нова личност, подобра од било кога претходно.