Ако може да им се верува на американските таблоиди, латино звездата Џенифер Лопез е на чекор од развод. Кавгите со сопругот Марк Ентони станале секојдневие, а причина за тоа биле паричните проблеми и неговите неверства. Извор близок на славниот пар открил дека шансите нивниот брак да се распадне се огромни.
Марк се преселил во Лос Анџелес поради кариерата на Џенифер, меѓутоа во последно време се помалку време минувал со неа и со нивните близнаци. Голем проблем бил и неговиот глад за пари кој никако не поминувал. Медиумите, од други извори, сознале дека Ентони за време на својата турнеја не ја криел неговата склоност кон алкохолот и флертувањето со други жени. Ова е трет брак на пејачката, а од бракот со Марк ги има близнаците Макс и Еми.